Благодарение на Марс и Уран енергијата во љубовта ќе е розова. Користете ја за да го постигнете саканото. Не се исклучени конфликти и љубовни насладувања. Расчистувајте ги недоразбирањата и оддадете се на повеќе романтика. Вселената ќе им помогне на оние кои бараат среќа во љубовта.

Овен
Ве очекуваат возбудливи денови. Омилениот човек може да ве изненади пријатно. Од друга страна, ако добиете покана од некој кој ви привлекол внимание, не одбивајте. Нема да зажалите!
Бик
Љубовта е во воздухот. Позицијата на планетите ќе ви донесе многу позитивни промени во љубовта. Ако се наоѓате во врска вие и партнерот може да одлучите дека ви е време за бебе! Ако сте осамени, побарајте ја љубовта!
Близнаци
Ова може да не е најдобра недела за романтика. Оние од вас кои се врзани, ќе имаат многу прашања во врска со својот сакан. Ќе се чувствувате така како тој или таа да кријат нешто од вас. Работете на комуникацијата и не ја одложувајте дискусијата на важни прашања.
Рак
Нема да ви биде лесно во секторот на љубовта. Вие и партнерот ќе бидете соочени со проблем. Нема да биде лесно да се постигне разбирање. Ова ќе ве натера да се чувствувате фрустрирани. Не дозволувајте емоциите да ја победат љубовта.
Лав
Некои од вас одеднаш ќе направат драстични промени во љубовта. Може да се стави крај на стара врска и да поставите почетокот на нова. Без разлика дали сте врзани или не, ќе имате потреба од спонтаност во љубовта.
Девица
Во оваа недела ќе може да се посади семето кое ќе ви донесе позитивни промени во љубовта и животот во целина. Подгответе ја почвата за нов почеток во вашиот љубовен живот. Посакувајте силно и универзумот ќе ве чуе!
Вага
Можно е да бидете соочени со проблем. Повторно ќе сакате да ја прикажете својата доминантна страна пред партнерот. Ако сакате да ви се исполнат желбите, стојте зад нив. Не вршете притисок врз саканиот, туку зачувајте го добриот тон. Тој ќе пројави разбирање.
Шкорпија
Во оваа недела планетите ќе отворат нови врати пред вас, кога станува збор за љубовта. Благодарение на Јупитер ќе имате многу нови возбудувања. Ако мислите дека вие и вашиот близок пријател имате шанса за љубов, дејствувајте!
Стрелец
Во вторник, Марс ќе биде во убав агол кон Уран, која е планетата на изненадувањата и сега се наоѓа во вашиот сектор на романтиката. Можно е да сретнете нова љубов. Забавувајте се, но не заборавајте да не правите ништо ризично.
Јарец
Светол зрак влегува во секторот на вашите односи. Бидете подготвени за жежок секс, романтични состаноци. Запомнете дека вистинската магија во една врска се крие во тивките моменти. Оваа недела ќе имате многу од нив.
Водолија
Романтична недела ја очекува Водолијата. Ќе бидете расположени љубовно, а ѕвездите ве советуваат да ги искористите предностите на оваа желба и да обрнете повеќе внимание на саканиот.
По недела може да очекувате и финансиски приходи, од кои ќе може да искористите со партнерот.
Риби
Време е да свртите нова страница во вашата врска. Планетите се распоредени позитивно и ако се размислува за некаква промена, сега е време тоа да го направите. Исто така, ако се наоѓате во необврзувачка врска, можно е таа да прерасне во нешто големо.
