Над 25 километри е низата од трактори низ улиците во Брисел и уште машини се на пат, соопшти белгиската полиција. За денес е закажан најголемиот земјоделски протест во последно време, организиран од земјоделски организации со барање за зголемување на откупните цени на млекото и на свинското месо.
Протестот, кој ги опфаќа централните делови на Брисел од Северната железничка станица до европскиот кварт, треба да притисне раководителите земјоделските работи на ЕУ, кои се собираат вонредно попладне, за да одлучат како да се справат со ценовната криза. Според податоците на организаторите во протестот ќе бидат вклучени 5.000 фармери со 1000 тешки машини.
Набавните цени во многу земји паднаа под производствените трошоци поради руското ембарго, намалената побарувачка од Кина и зголеменото производство. Досега од европскиот буџет се потрошени 135 милиони евра компензација за производителите на овошје, зеленчук и млеко, настрадани од руското ембарго.
Трговските организации сметаат дека мерките се недоволни и инсистираат уште за субвенции и за зголемување на фиксните цени за интервентна распродажба, што се прави со европски средства. Според трговските организации, ЕУ реагира само на руското ембарго и ги затвора очите за останатите проблеми, вклучувајќи за падот на цените за синџирот на исхрана и особено однесувањето на големите трговски синџири.
Во април ЕУ го укина 30-годишниот режим за ограничување на производството на млеко, т.н. Млечни квоти, како резултат на што четвртина милион тони продукција беше продавана дополнително на пазарот.
Европскиот млечен борд, најголемата организација на млекопроизводителите во Европа, сака да биде формирана специјална европска програма за финансиска помош на земјоделците, како и надоместоците кои тие ги плаќаат за да им се дадат пари на оние кои доброволно прифаќаат ќе го намалат своето производство .
Досега полицијата не соопштува за случаи на насилство, но движењето во Брисел е силно отежнато, а станицата на метрото во близина на Советот на ЕУ, каде ќе заседаваат министрите, е затворена од безбедносни причини. Зајакнато е присуството на полицијата, вклучувајќи го и одредот за борба со тероризмот , кој е лоциран во близина на европските институции.
Пред три дена, над 1700 трактори и пет илјади земјоделци започнаа голема акција на блокирање на париските улици во знак на протест поради кризата со пласманот на нивните производи, што не ги задоволува елементарните трошоци.
Опсадата на Париз започна изутринава пред во члетвртокот кога првите трактори пристигнаа на вратите од француската престолнина, по што се упатија на плоштадот „Насион“.
Француската влада се обидуваше да наметне гарантирана цена за откупот на свинското месо, чија цена е на најниското ниво во последниве години, посебно по забраната за увоз на европски производи од страна на Русија и зголемената конкуренција на европскиот внатрешен пазар.
На протестот на француските земјоделци и сточари со симпатии гледаат и нивните колеги од соседните европски земји, при што не се исклучува заедничка акција на европско ниво.
Во Франција, за разлика од соседна Германија, каде синдикатите не се многу силни, француските се многу поорганизирани и успеваат со блокади на улиците и патиштата да изнудат отстапки од владата
