106
Хрватскиот портал „Индекс“ објави дека утрово, повторно имало инцидент во прифатниот камп за бегалците во Гевгелија. Порталот информира дека група на бегалци, по преминувањето на грчко-македонската граница го пробила полицискиот кордони, по што настанал конфликт помеѓу самите бегалци.
Точната причина за инцидентот се уште е непозната, пишува порталот, кој нема податоци ни за тоа дали има повредени во конфликтот.
Гевгелија е првата точка каде поминуваат повеќето од бегалците по влезот од Грција во Македонија, а до сега се случуваа немири. Особено беа шокантни сликите во минатиот месец кога бројни бегалци се борат за место во преполниот воз, потсетува „Индекс“.