Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и оваа година чествувањето на големиот државен празник, 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, ќе го почне со оддавање почит и положување цвеќе на гробот на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Во делегацијата што ќе ја предводи претседателот Заев ќе бидат и заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски.
![]()
Потоа претседателот Заев, празничниот ден ќе го помине заедно со граѓаните, во месноста Три Круши, во с.Драчево.
Настанот што традиционално, по повод 8-ми септември го организира ОО на СДСМ во Кисела Вода во Скопје почнува во 10.00 часот.
Претседателот Заев е предвидено да се обрати на граѓаните во 11.00 часот.
На празничниот пикник, каде што ќе биде организиран и ручек за присутните, се поканети сите граѓани.