Британските кралски военовоздухопловни сили, без мандат од парламентот, на 21 август, со помош на беспилотни летала уништија тројца терористи од “Исламска држава” во Сирија, од кои двајца биле британски граѓани. Еден од убиените планирал терористички акт против Британија, изјавил вчера премиерот Дејвид Камерон пред парламентот.

“Организиравме операција , бидејќи немавме друга алтернатива” – објаснил премиерот и додал дека таа е “целосно легална” и дека е реализирано “законското право на Велика Британија на самоодбрана”. Одржана е консултација со генералниот обвинител на земјата. Во 2013 година британскиот парламент одби да даде мандат за спроведување на операција во Сирија.
Дејвид Камерон прецизирал дека операцијата е спроведена во реонот на сирискиот град Ракот кој не е контролиран од централните власти и немало со кого да се биде кохеренен. Операцијата е спроведена најверојатно со британскиот беспилотен авион “Taranis” (келтски бог на громот), кој е во состојба да врши интерконтинентални летови. Тој е производ на британската компанија BAE Systems и е доста софистицирано летало со технологија Стела. Мистерија е од каде полетал авионот и како е одржува во завршниот дел на летот.