Во светот постојат стотици луксузни хотели со пет ѕвездички, кои импресионираат со својот ентериер, услуга, храна, позиционирање.
Несомнено престојувањето на вакво место е пријатно и удобно, но далеку поинтересно е човек да посети некој навистина незаборавен хотел.
Таков е сигурно Treehotel лоциран во Харадс, Шведска. Уникатното во однос на овој хотел е не само фактот дека е лоциран на метри над земјата меѓу дрвјата, но и дека располага со шест извонредни соби.
Секоја од собите е одвоена од другите и изгледа поинаку од нив. Една од најимпресивните соби неспорно е онаа која личи на НЛО.
Друга, која нема да ве остави рамнодушни е онаа која личи на огромно живинарско гнездо.Има и алтернативна соба, која ја одразува убавината на животната природа.
Не само надворешноста на Treehotel е уникатна. Внатрешноста на хотелските соби е модерна и стилска, како и одговара на надворешната обвивка. На пример, перниците во НЛО-собата се со вселенска тематика.
Шведската хотелска оаза меѓу дрвјата нуди уште ресторан, бар, сауна, зона за релаксација, како и телевизија и интернет. Влезете во нашата галерија и проверете го најнестандардниот хотел во светот.
Фото: Treehotel