Милиони шишиња бурбон станаа жртва на молња

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Неколку милиони литри виски беа уништени во пожар кој избувна откако молња ја удри фабриката за алкохолни пијалаци на американската компанија Jim Beam, објавија локалните медиуми.4388571

Инцидентот се случил во градот Клермонт, Кентаки, каде се наоѓа единствената фабрика на Jim Beam. Како што е соопштено молњата удрила во магацинска просторија на фабриката за дестилација. Како резултат на тоа огромни резерви екслузивен бурбон истекоа до рибникот на фабриката  и се претворија во огнено торнадо под ненадеен налет на ветрот.