Координиран молк на опозициската, медиумската, интелектуалната јавност по сведочењето на Богоевски

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Од скромна временска дистанца гледано, и покрај сомневањата за веродостојноста за искажаните информации на Богоевски, сепак најинтересните и пикантни дилеми од објавените записи за Телеком се сведуваат на два (меѓусебно поврзани) моменти:

зеколиПрвиот момент е координираниот молк на опозицијската, медиумската, интелектуалната јавност која поради “чудни” причини како да со олеснување се приклони кон спин објаснувањата за релативизација на случајот (недоверлив извор, недоверлив сведок, непотврдена автентичност на документите).

Вториот момент може да понуди објаснување за таквиот молк, доколку се обрне поголемо внимание кон прашањата упатени кон Богоевски, а не само на неговите одговори. Имено, прашањата на истрагата се од така широк диапазон што се чинат едвај поврзани (circumstantial) со конкретниот случај, а на моменти немаат ништо заедничко. Низ прашањата се добива увид во деталните познавања на судот за овдешните актери и состојби (дури поголеми од нашите) поради што кругот на засегнати од таквите Q&A сесии речиси да не остава никого рамнодушен за можна импликација и последици. Од владата, но и од опозицијата подеднакво.

За да се исполни севкупната слика за настанот и актерите секако ќе следат и други информации, очекувано во месеците пред нас. Но се плашам дека за да се заокружи мозаикот, некој оввде треба да даде допринос во поставување на третото прашање:

Која е причината за евидентниот медиумски молк, сведен на воопштени пренесувања, реакции од незасегнати кругови и речиси како под команда премолчување на тврдења со временски распон од повеќе од 30 години?

Арсим Зеколи – Фејсбук статус