Бројот на настраданите патници при пожарот во патничкиот авион на British Airways на аеродромот во американскиот град Лас Вегас се искачи на 14 лица, пренесе CNN.

Првите пораки беа само за двајца.Boeing 777 со 159 патници и 13 члена на екипажот, вршител патување за Лондон, се запали пред полетувањето, сите луѓе на летот веднаш се евакуирани. На сите настрадани е укажана лекарска помош. Дел од аеродромот е затворен, што може да ги отежне летовите, предупреди CNN. Причините за пожарот се разјаснуваат.
Како што јавија американските медиуми, пожарот избувнал во време кога авионот се наоѓал на пистата и се подготвувал за полетување. Во време на инцидентот во леталото имало 159 патници и 13 членови на екипажот. Авионот од типот „Боинг 777“ требало да полета на релација Лас Вегас – Лондон.Според првичните резултати од истрагата, пожарот настанал поради самозапалување на еден од моторите на авионот.