Потребни производи:
2/3 чаша боровинки
2/3 чаша капини / малини
1/2 чаша вода
1/4 чаша шеќер
2 лажици свеж сок од лимон
1 лажица масло
2-3 кесички ванила
Смрзнат јогурт или сладолед
50 грама ореви по ваш избор
Подготовка:
Ставете ги во тенџере плодовите, шеќерот, водата и ванилата. Кога смесата ќе зоврие, намалете го огнот и гответе до згуснување на сосот, а последно додадете го путерот.
Ставете во соодветни чаши јогурт и прелијте со сосот. За финале посипете со мелени ореви. По желба може да додадете и неколку бисквити.