Научниците открија остатоци од нов голем вид во гробница лоцирана длабоко во пештерски систем во Јужна Африка. Откритието на скелетите од 15 делови е најголемиот ваков вид на територијата на Африка, пишува БиБиСи.
Според истражувачите тоа ќе ја промени перцепцијата на човечките претходници, а од суштинско значење е и фактот дека новопронајдениот голем вид најверојатно бил способен за ритуални дејства. Видот, наречен “Наледи” (naledi), е класифициран во биолошкиот вид Homo, кон кој припаѓа и современиот човек.
Сѐ уште не е јасно колку долго живеел новиот член на човечкиот вид, но според водечкиот научник на истражувањето проф. Ли Бергер не е исклучено суштествата да ја населувале Африка пред 3 милиони години и да се меѓу едни од првите од човечкиот вид. Според него “наледи” може да се покаже како мост помеѓу повеќе примитивниот двукраки, кои ја населувале земјата и модерните луѓе.
Homo naledi не личи на ниту еден вид на веќе пронајдените во Африка. Тој поседува мал мозок – приближно сличен со оној на горилата, како и примитивна карлица и рамена. Тој сепак е доделен на човечкиот род поради својата развиена форма на черепот, релативно малите заби, карактеристичните долги нозе и стапала, слични на оние на денешниот човек. Научниците исто така веруваат дека местата на кои се откриени скелетите се гробници.
Најверојатно претставниците на видот “наледи” се погребани умрени длабоко во пештерите и ги вложувале во гробници, што најверојатно било практика со генерации. Ако тоа се покаже како точно, тоа би значело дека новиот вид е способен на ритуални дејствија и најверојатно на симболично размислување – нешто што се претпоставуваше за можно кај неодамнешни човечки претставници, датирани од последните 200 000 години.
Според проф. Бергер откритието на суштество со слична комбинација на современи и примитивни карактеристики треба да ги натера научниците да се преиспита дефинирањето на човековото битие.