Научници создадоа имплант за борба против клетките на ракот

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Американски истражувачи создадоа имплант кој може да победува канцерозни клетки, додека тие се движат во човечкото тело. Пронајдокот ќе помогне и за рано предупредување за развој на ракот, така и како штит против ширењето на малициозни клетки во други делови на телото, пишува БиБиСи.
4391860

Имплантот е голем само 5 мм и е направен од биоматеријали веќе одобренi за употреба. Досега тој беше тестиран само на глувци, болни од рак на дојка, но сепак докторите се охрабрени за резултатите на овој нов тип лекување. Експериментите покажале дека имплантацијаta на уредот, без разлика дали во масно ткиво или под кожата, дејствува на клетките на ракот, циркулираjќи во човечкото тело, со нивно “умирисување”.

Неговата ефикасност доаѓа од тоа дека тој го имитира процесот при кој клетките, ослободени од туморот, се закачуваат на други области на човечкото тело преку имунолошките клетки. Научниците откриле дека овие имуни клетки формираат група на имплантот – природна реакција кон кое и да било страно тело, привлекувајќи ги канцерогените клетки внатре. Потоа сепак тие имаат имплементирано посебна техника која може да го разликува ракот од нормалните клетки и на тој начин да пребијат малициозна клетка, затворена во имплантот.