Пратеничката група на СДСМ бара јавна седница за состојбите во образованието

од desk3
93 прегледи

 

Го исполнуваме ветувањето дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде отворена за граѓаните и за јавноста.

Денеска поднесовме барање за одржување јавна расправа за состојбите во образованието, за квалитетот што не се обезбедува со тестови, за укинување на екстерното тестирање.getImageThumbnail

Барањето за јавна расправа е доставено до Трајко Велјаноски и претседателот на Собраниската комисија за образование, наука и спорт.

За СДСМ и коалицијата добри реформи не се реформи кои ги пишуваат политичари зад затворени врати туку решенија што мора да се договорат заедно со наставниците, учениците, студентите, родителите, бизнис заедницата.

Почнавме такви разговори и веќе предложивме повеќе закони, меѓу коишто и за укинување на екстерното тестирање. Но и Собранието мора да ги отвори своите врати и да ги праша најзасегнатите. Затоа е ова барање за јавна дебата за проблемите во образованието и можните решенија.

Ова е едниствениот начин да го спречиме интелектуалното осакатување на учениците.

Ги повикуваме сите наставници, ученици, родители и стручни лица да се вклучат во јавната дебата во наредниот период, а власта и мнозинството да ја прифатат.

Владејачкото мнозинство, без никаква јавна дебата го усвои катастрофалното екстерно тестирање.

Студенти, средношколци, наставници, масовно, низ сите градови, излегоа на улиците да кажат НЕ.

Како одговори власта? Со непримерни навреди на Груевски кон учениците и студентите во Македонија.

За нас мислењето на граѓаните е од исклучителна важност.

Најавуваме дека за сите идни закони коишто се од поширок јавен интерес, задолжително ќе ги земеме во предвид нивните мислења и сугестии.

Интегрален текст