НДП: Собранието да донесе закон за декриминализација на политичката сцена

од desk3
95 прегледи

Национална демократска преродба (НДП) смета дека сега е вистинскиот момент Собранието да донесе закон за декриминализација на политичката сцена и други јавни личности, почнувајќи од егзекутивната власт па се до локалната власт, сличен на законот предложен за имплементација и во Република Албанија. Според НДП, донесувањето на закон за декриминализација на сите јавни личности ќе биде комплементарен со последниот договор во Пржино кој треба да се импементира како обврска за еден нов и здрав почеток за целата држава.

????????????????????????????????????

НДП смета дека донесување закон од ваков вид треба да се прифати како рационална идеја, имајќи предвид дека вакви иницијативи и движења се случуваат во целиот Западен Балкан, како директно барање од различни меѓународни ораганизми.

„Во исто време, овој нов закон ќе ги предизвика сите политички партии на искрено почитување на последниот договор за решавање на длабоката политичката криза. Конечно, донесувањето на закон за декриминализација на политиката ќе даде надеж за сите граѓани кои со право ја имаат изгубено сета надеж и верба во овие криминализирани политичари на подолго време“, се наведува во соопштението на НДП.