Кина успешно изведе денеска во орбитата експериментален телекомуникациски сателит, пренесува Ксинхуа.
Тој ќе се користи за тестирање на технологија за широкопојасен интернет во Ка-опсег. Ракетата носач “Големиот поход-3Б” (Чанчжен-3Б) со сателити полета од космодромот Сичан лоциран во југозападната провинција Сечуан. Ка-опсегот покрива фреквенции на електромагнетните бранови од 26,5 до 40 GHz (гигахерца). Тие се користат главно за сателитски радија и радиолокација.