Водата е едно од чудата на оваа планета, благодарение на кое имаме можност да живееме. Нејзините величие и моќ не можат да бидат оспорувани, а убавината не може да се спореди со ништо друго толку извонредно и магнетно.
Пример за тоа е Инконтро дас Агуас во Бразил – магичната средба на две реки. Многу блиску до тоа природно чудо се среќава уште едно – Архипелагот Анавилјанас. Тој се наоѓа во реката Рио Негро, приближно на околу 70 километри од бразилскиот град Манаус.
За време на влажната сезона широчината на реката на ова место достигнува до 30 километри. Кога нивото на водата пак се покачи, се формираат околу 400 мали издолжени островчиња и речни канали меѓу нив.
Архипелагот Анавилјанас е дом на различни растителни и животински видови.Се среќаваат многу различни птици, глодари и инсекти. Водите на Рио Негро пак се слават со изобилство од водни организми, неколку видови риби, пирана, крокодили, делфини и морски крави.
Анавилјанас се протега на 90 километри по должината на реката и се состои од 100 000 хектари острови и канали во рамките на Рио Негро и уште 260 000 хектари речни шуми. Од 1997 година Архипелагот има статус на заштитено подрачје.
Посетете ја нашата галерија и проверете го импресивниот архипелаг Анавилјанас во Бразил.
Фото: wikipedia.org