Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не гледа непосредна закана од страна на Русија кон ниту една земја – членка на Северноатлантската алијанса. Тој го искажа своето мислење во интервју за словачкиот весник Pravda.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не гледа непосредна закана од страна на Русија кон ниту една земја – членка на Северноатлантската алијанса. Тој го искажа своето мислење во интервју за словачкиот весник Pravda. Според зборовите на Столтенберг ова е поврзано со сигурна заштита, која ја дава НАТО на своите членови и “секој потенцијален агресор знае дека напад спрема една држава е еднакво на напад против сите други”. Генералниот секретар истакна дека улогата на Русија во светот е “многу сложена и комплексна”. Независно од разликите со Москва по прашањата за пристапувањето на Крим и конфликтот во источна Украина според Столтенберг НАТО се стреми кон продолжување на структурните односи. “Сметам дека нема никакво противречност меѓу зајакнувањето на одбранбените способности и обидите за политички дијалог “, рече тој.