Германскиот дизајнер Филип Шмит користи 3D-печатач и другa напредна технологија за да создаде нов производ – Camera Restricta.
Камерата всушност ја игра улогата на фото цензор. Таа не дозволува да се фотографираат места кои веќе биле фотографирани постојано. Значи фотографот ќе треба да бара нови објекти за снимање, појаснува slashgear.com.
Камерата претставува паметен телефон со микро ATTiny85, GPS-сензор, оптички сензор, антена и други елементи. За да му обезбеди на фотографот само оригинални слики, смартфонот ќе ги бара од најпопуларните Flickr и Panoramio податоците за фотографиите направени во радиус од неколку десетици метри.
Бројот на фотографиите камерата го озвучува со кликања. Доколку биде утврдено дека во наведениот радиус се направени премногу слики, камерата го блокира копчето за фотографирање. При тоа фотоапаратот може да биде поставен така што автоматски ќе се заклучува во места каде што снимањето е забрането или го повредува законот за авторските права.
Според дизајнерот камерата ќе им помогне на луѓето да прават оригинални снимки, а не да прават слики на истите места и да се создава повторлива фотографија.