ПДП: Специјалниот обвинител да го работи предметот „Телеком“, а Ахмети и Џафери да си дадат оставка

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Изјавата на Павле Трајанов дека сведочењето на Слободан  Богоевски пред  судот во Њујорк е веродостојно затоа што е поткрепено и со други докази кои му биле достапни и на премиерот Никола Груевски се повеќе ја разрешува дилемата зошто Али Ахмети и неговата партија ДУИ секогаш стојат во ставот „мирно„ пред Груевски и ја играат улогата на послушниот слуга, реагираат до партијата ПДП.

пдп

ПДП ќе достави барање до меѓународната заедница и амбасадорите Бејли, Орав, Гарет да истрагата околу аферата „Маѓар Телеком„ во која според Богоевски се инволвирани Ахмети и Муса Џафери поминува во надлежност на Специјалниот обвинител.

ПДП смета дека за да се расчисти аферата во што можен краток рок Али Ахмети и Муса Џафери треба да дадаат веднаш оставка од нивните функции.