Англичанецот Даниел Медфорт имал слободен работен ден и решил дека би било забавно да испроба и да испие апчиња вијагра.Градителот по професија испил 35 апчиња вијагра за еден час Неговата жена конечно се јавила во болница по пет дена непрекината ерекција, соопштува “Мирор”.

Даниел Медфорт раскажува како идејата му дошла додека бил подпивнат во слободниот ден и решил дека може да ја испие Вијаграта како од шега. Медфорт, кој имал 36 години, вели дека потоа се почувствувал лошо, збунето и почнал да халицинира, дури почнал да гледа се во зелено. “Покрај тоа имав постојана ерекција која не си одеше”, рече тој. Подоцна Медфорт, татко на две деца, морал да и признае на својата сопруга која повикала брза помош. Тој прецизира дека лекарите дејствувале многу професионално, но во исто време се обидувале да не се изнасмеат. За негова радост жена му ја простила несмасната постапка.