Врз основа на член 150 и член 151 став 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија на Предлогот на закон за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите, по итна постапка, поднесувам АМАНДМАН се вели во поднесокот од претседателот и пратеникот на ДС Павле Трајанов.

Во Амандманот е наведува:
По членот 22 се додава нова глава XV-а и нов член 22-а, кои гласат: „XV-а Казнени одредби
Член 22-а
(1) Тој што нема да достави, ќе прикрие или ќе достави лажни податоци до Јавниот Обвинител, ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години.
(2) Доколку делото од ставот (1) на овој член го стори службено лице, ќе се казни со казна затвор од најмалку 5 години.“
Образложение
Амандманот се предлага заради ефикасно и непречено водење на кривичната постапка против лица за кои има индиции односно сомненија дека сториле кривични дела со неовластени преслушувања или кои произлегуваат од содржината на преслушуваните разговори.
Амандманот не бече изгласан. Останува прашањето зошто, ако се знае дека во Македонија се функционра само под закана од казни, а се останато е само добра воља !