Европа го чувствува предавството на САД

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Имиџот на НАТО како бранител на Европа се губи во очите на Европејците, кои се повеќе го чувствуваат предавството од страна на раководството на САД, тврди во интервју за Sputnik International францускиот новинар и основач на белгиската политичка организација Agora Erasmus Карел Верејкен.

нато

Одговарајќи на прашање на Sputnik што всушност мислат за НАТО, Верејкен истакнал: “Имиџот на НАТО како бранител загуби голем дел од својот сјај … Сега глобалниот финансиски поредок на Лондон-сити и Волстрит носат само невработеност, очај и хаос, налик на власта на Хабсбурговците,кои провоцираат востание во Холандија во 16 век “. Верејкен истакнал дека по цела Европа луѓето се чувствуваат измамени од претседателот Барак Обама. Ситуацијата е комплицирана од фактот дека НАТО ја  продолжува модернизацијата на нуклеарното оружје .Во-61 та , распоредени во Белгија, Холандија, Германија, Италија и Турција, околу 20 од овие смртоносни боеви глави сега се наоѓаат во базите  на НАТО во Белгија. И сето тоа откако во 2009 година Обама во Прага вети свет без нуклеарно оружје. Верејкен  ја споредува ситуацијата со 1970-тите години, кога НАТО го  протурка планот за распоредување на нуклеарно оружје против СССР во Велика Британија, Германија, Белгија и Холандија, што предизвикува антивоени протести во Европа. Според Верејкен, не помина незабележано во Европа и проширувањето на НАТО кон границите на Русија и покрај преземените ветувања од Алијансата.