На 15.09.2015 година околу 18.30 часот во Гостивар на ул. „Живко Брајковски“ пред СОУ Гимназија поголема група ученици од истото училиште физички нападнале 16-годишен ученик од истото училиште и Љ.С.(22) кој бил заедно со него. Истите се здобиле со телесни повреди по што им е укажана лекарска помош во МЦ-Гостивар од каде биле пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 15.09.2015 година околу 11,20 часот на регионалниот пат Кичево –Македонски Брод со ул.„Маршал Тито“случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Цитроен берлинго“ со кичевски регистерски ознаки управувано од И.Н.(44) и велосипед управуван од Насуф Н. (74) од Кичево. Во незгодата со тешки телесни повредни се здобил велосипедистот кој со возило на брза помош бил пренесен во МЦ-Кичево, каде им подлегнал на повредите. На местото на настанот извршен е увид во присуство на Ј.О. како и увидна екипа од ПС Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.
На 15.09.2015 година околу 17,00 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул.„Довчевик“ пронајдена е бомба кал.75мм, со потекло од Првата светска војна. Истата е подигната од страна на ДЗС.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.К.(55) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривичлно дело „вршење јавен превоз безпоседување лиценца“. Пријавениот на 29.07.2015 година од страна на полициски службеници е сопрен додека се движел на регионалниот пат Берово –Струмица кај м.в. Рудник-Огражден со ТМВ „Застава“, при што е утврдено дека врз основа на испратница издадена од ПШС Малешево превезува огревни дрва во количина од 5 м3, без притоа да поседува лиценца за превоз на стоки издадена од Министерството за транспорт и врски.
НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Н.(66) од с.Форино, Н.А.(66) од с.Чегране, А.И. (33) од с.Форино и Д.Ј.(31) од с.Чегране – гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шума“ и „кражба“. Пријавените подолг временски период вршеле бесправна сеча на шума во сопственост на ЈП Македонски шуми од атар на с. Корито, а на 10.07.2015 година превезувајќи со моторни возила бесправно исечена дрвна маса, биле сопрени од страна на полициски службеници, а во возилата се пронајдени 1 м3 огревни дрва, а од преземени мерки е констатирано дека го оштетиле јавното претпријатие за износ од 916.300 денари за дрвна маса.