САД го дозволија хаосот во Сирија само за да и ја одземат Русија нејзината единствена поморска база во Средоземното Море, не исклучува ирскиот новинар Брајан Мекдоналд во публикација за RT.

Таа верзија Мекдоналд ја пласира како коментар на изјавата на нобеловецот за мир Марти Ахтисари. Според него уште во 2012 година постојаниот руски претставник во ОН рекол три нешта: не треба да се дава оружје на опозицијата, треба да се организира дијалог меѓу опозицијата и Асад и трето – да се најде постапка Асад да отиде во друга земја.
Новинарот размислува: “Ако Ахтисари е во право, тогаш Русија била подготвена за компромис пред овој релативно мал конфликт да прерасне во катастрофа. Фактот дека САД и следбениците во НАТО сакале да ја игнорираат дипломатијата, во најдобар случај ја докажува нивната ароганција. ”
Според зборовите на Мекдоналд, за Вашингтон е поважно да демонстрира дури презир кон Русија, отколку да се стави крај на војната во Сирија, која донела толку смрт и уништување.
Вашингтон ја загуби контрола над ситуацијата и се стравува дека Русија ќе добие можност да постигне решавање на конфликтот, пишува колумнистот. За да спречи таков развој на настаните, САД преземаат чекори кои изгледат “надреално”. Пример е идејата на поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус за снабдување со оружје на терористичката организација “Џебхат-ан-Нусра”.