Подемот на мултифункционалните уреди Lenovo Yoga 500 и Yoga 3 Pro

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Дали сте забележале дека во последно време уредите кои се користат секој ден, прават многу повеќе отколку пред тоа? Управуваат со сè – од комуникации, до сообраќајна техника и кујнските апарати. Хибридите на Lenovo Yoga 500 и Yoga 3 Pro се тука за да го направат нашиот секојдневен живот многу полесен и многу позабавен.877cb0a6a852351190ab17302b2e5c60

Во ерата на ограничениот физички простор, зафатен распоред и скратени буџети, гаџетите и гизмоата кои имаат повеќе функции се издигнати на пиедестал, додека обичните уреди одамна се потонати во заборав.

Во склад со подемот на универзалната технологија, Lenovo создаде некои од најдобрите хибриди – тие ги прават нашите животи полесни, се елиминира потребата од купување на целиот сет од гаџети и штедат простор.

Lenovo Yoga 3 Pro

На врвот на листата со “жешки хибриди” е Lenovo YOGA 3 Pro – конвертибилен 2-во-1 лаптоп кој ја обезбедува преносливоста и забавата, кои ги обезбедува таблетот, со практичноста и продуктивноста на лаптопот.

Освен основните карактеристики YOGA 3 Pro нуди многу повеќе статисти – забавен центар, отпорна батерија, уред за складирање на информации, комуникациски центар и многу други.Како еден навистина мултифункционален уред, тој може да ги поддржи на сите ваши апликации, фотографии и важни документи, овозможува да го пратите протокот на вашите омилени ТВ емисии, како и да останете во контакт со вашите блиски преку видео-чат.

Lenovo Yoga 500

Друг хибрид вклучен во списокот е Yoga 500, кој доаѓа во пакет со креативни апликации и алатки за уредување на слики. Превиткувачкиот YOGA во еден од двата негови режима, можете да го користите со екранот на допир или пак да обработувате слики целосно бесплатно со помош на инаку скап софтвер и дополнителни уреди. Така добивате силни звучници, подобра резолуција и светол екран, кои ви даваат јасна слика, брзина и неспоредлива забава.