(ГАЛЕРИЈА) Хотелот во кој престојуваат Џони Деп и Џорџ Клуни

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Секоја година во текот на две недели во септември едни од највпечатливите холивудски ѕвезди и нивните најголеми фанови се во Торонто, Канада. Токму таму се одржува еден од најпрестижните филмски фестивали во светот.4b0d4ca996c48a7d5220eb52e8cb41de

Кога не позираат на црвениот тепих,најпознатите имиња од Холивуд можат да бидат видени во луксузните ресторани, барови и хотели во градот. Еден од најпопуларните хотели со пет ѕвездички Shangri-La, во кој веќе се забележани некои познати имиња од светот на филмот.

Меѓу нив се Џорџ Клуни, кој е во Торонто, за да го промовира својот нов филм “Our Brand is Crisis”. Џони Деп и неговата убава сопруга Амбер Херд  исто така ја посакале гламурозната атмосфера на Shangri-La за својот престој во Канада.

Хотелот, ја отвори вратата пред три години, и е позициониран на одлично место – меѓу финансиските и рекреативни области во Торонто. Тој има посебен азиски ресторан и нуди еден куп реквизити за гостите.

Фото: Shangri-La

Само со едно притискање на копчето тие можат да ги сменат светлата во собата, да ги преместуваат завесите, како и да го активираат сигналот на вратата, покажувајќи дека не треба да им се пречи. Shangri-La располага со вкупно 202 соби и апартмани кои се опремени во различен стил – од современ до класичен.

Во нашата галерија може да видите слики од хотелот во Торонто, во кој престојуваат Џорџ Клуни и Џони Деп.