По изборот на специјалната обвинителка политичките партии продолжуваат со преговорите и точките по договорот од Пржино. . На дневен ред сега ќе биде изборното законодавство- редефинирање на составот и надлежностите на ДИК, прочистувањето на избирачкиот список и гласањето на дијаспората.
Минатиот месец партиите постигнаа согласност за реформирање на Државната изборна комисија. ДИК ќе брои девет члена, тројца ќе бидат избрани по предлог на власта, тројца ќе предложи опозицијата, а тројца членови треба да бидат експерти, независни од партиите.
ДИК ќе добие и зголемени ингеренции за да обезбеди фер и слободни избори, а рокот за ова решение е 30 септември.
Извесен напредок е постигнат и за прочистувањето на избирачкиот список, се бара комбиниран модел помеѓу предлогот на СДСМ за активна регистрација на гласачите и предлогот за теренска проверка. ЗА дијаспората позициите се крајно спротиставени и она што ќе боде камен на сопснување е моделот кој ќе биде прифатен за озборите.
Се предлага една изборна единица во замена за досегашните 6 изборни единици и отворени листи. Можеби како компрмосно решение може да се прифати изборните единици да останат но да се оди со целсоно или делумно отворени листи, или една изборна единци со истите 6 административно-технички целини и целосно отворени листи. Во секој случај тоа сепак ќе биде договор на големите партии наспроти малите, и не е исклучено тоа решение мазно да помине во контекст кој најмногу ќе им одговара само на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.
Партиите на оваа точка ќе мора да се договорат до крајот на овој месец за да се запази рокот од договорот во Пржино, 30 септември.