(ГАЛЕРИЈА) Првиот заеднички дом на Иан Сомерхолдер и Ники Рид

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Ники Рид неодамна покажа снимки од венчавката со Иан Сомерхолдер, иако двајцата си рекоа “да” уште во месец април.

Двете ѕвезди веќе имаат заеднички дом во Лос Анџелес. Тоа е првото живеалиште што актерите го купуваат откако станаа сопрузи.

Домот на Ники и Иан се наоѓа во познатиот кварт Венис во Ел Еј, Калифорнија и чини 2,85 милиони долари.

Живеалиштето има современ дизајн, а во внатрешноста дефинитивно преовладува белата боја.

Ѕвездите го купиле предметниот имот од тапанарот на Red Hot Chili Peppers Чад Смит, кој пак се здобил со него дури минатата година за 2,76 милиони долари.

Домот на Ники и Иан, кој се наоѓа на булевар Абот Кини, е со големина од 260 квадратни метри. Во него има три спални и три бањи. Главната спална има голем плакар, самостојна тераса и стаклен покрив.

Влезете во нашата галерија и проверете го првиот дом на актерите Ники Рид и Иан Сомерхолдер.