Европа е оградена со огнен обрач- Украина, Сирија, Либија…

од desk3
110 прегледи

Русија го поддржува Асад во неговата борба против бунтовниците. Како треба да реагира Западот? Каква стратегија да се спроведе во борбата против ИДи за совладување на кризата со сириските бегалци? -коментар на DW

0,,18716705_303,00
Постојано се зборува дека за да биде ограничен приливот на бегалци и мигранти по сиромаштија, треба да се води борба против причините поради кои луѓето масовно ги напуштаат родните места. Овој совет е логичен. Дали сепак борбата против причините ќе има успех во среднорочна и долгорочна перспектива? И каква стратегија треба да биде следена? Кои алатки треба да се користат – политички, економски или воени? А тоа што секогаш се повикуваат причините индиректно нè потсетува дека Европа не е имуна на она што се случува во соседните земји. Ние сме директно засегнати, независно од тоа дали си ја закопуважме главата во песок или не.

Во Сирија, од каде пристигнуваат најмногу бегалци, веќе четири години беснее граѓанска војна. Во неа учествуваат држави и “недржавни” актери. Режимот на Асад поддржан од Русија, бескрупулозно ги користи сите оружја во борбата против “умерените” и радикални бунтовници, вооружени од регионални сили. Цивилното население страда најмногу од војната. А терористичките милиции на “Исламска држава” (ИД) наследија во меѓувреме големи територии во Сирија и Ирак. Методите на нивната власт се варварски. Во Сирија и во другите арапски држави дивеат убиства и смрт. Една убиствена диктатура сака да ја поврати контролата врз ситуацијата, а џихадисти заработуваат од распадот на државите.

Обидите за дипломатско решение треба да продолжат

0,,17642838_401,00
Барањето на место да се води борба против причините за масовното бегство е, благо речено, нереално. Сепак западната дипломатија не треба да се откажува. Таа мора да се обиде да најде сојузници. Дури и меѓу оние кои ги извршуваат сопствените интереси. Само така може да биде постигнат мир. Дотогаш не може и збор да станува за нов почеток и обновување. Русија сама нуди помош, но само во борбата против исламскиот тероризам, не и во борбата против причините за миграцијата. Москва стои цврсто на страната на режимот на Асад, кој фрла касетни бомби против станбени комплекси. Москва го зголемува военото присуство во Сирија и веќе не исклучува учество на руски војници во воените дејствија. Путин се надева на политички и геостратешки предности, како и на зајакнување на своите позиции во однос на Западот.

Како треба да реагира западниот свет? Треба ли едноставно да каже: да, во однос на Украина сме во конфликт, но сега сакаме заедно да водиме борба против исламистичките терористички организации, пак потоа ќе видиме! Можеби. Тоа сепак би значело да се закрепи Асад, откако веќе го осудија како убиствен диктатор. Ајде да се потсетиме дека Асад крваво ги задуши срамежливите барања за реформи и тоа доведе до радикализирање на опозицијата и до војната. Сириската политика на Москва потсетува донекаде за почетокот на советските дејствија во Авганистан. Сите знаеме до каде доведоа тие. И Москва со злорадост се сити дека Европа ќе се наполни со мигранти и ќе биде ослабена; тоа му се допаѓа на Кремљ. Европа е оградена со огнен обрач на огромни тензии. И за да го изгаснат огнот, таа треба да вложи големи напори. Треба да манифестираволја за акција и засилен ангажман, вклучувајќи кон земјите кои се директно погодени од сириската војна. Тие имаат потреба од помош. Не смееме да очекуваме сепак чуда. Западот веќе неколку ја пати допушти оваа грешка – и за неа платија како тој, така и други.