Пуштено во употреба, новото живеалиште за морски лавови и мал фламинго

од desk3
145 прегледи

Денеска беше пуштено во употреба, новото живеалиште за морските лавови и мал фламинго, во Зоолошката градина во Скопје.

????????????????????????????????????

Со изградбата на новото живеалиште за морските лавови и мал фламинго се обезбедуваат соодветни услови за животните, кои во голема мерка одговараат и се приближни на условите за живот, во нивната природна средина.

Живеалиштето на морските лавови и мал фламинго е лоцирано на југоисточниот дел во зоолошката градина. Базенот со вода, како основен дел од живеалиштето е со зафатнина од 450 метри кубни.

Овој проект е финансиран со средства од ЈУ „Зоолошка градина Скопје”, како и од донации од Државна лотарија на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации.

Инвестиција за изградбата на овие живеалишта изнесува 6.358.082 денари.

Покрај новите живеалишта, денеска во Зоолошката градина беше промовиран и новиот мултифункционален едукативен центар, кој всушност претставува адаптација и надградба на старото живеалиште на нилскиот коњ.

Изградбата на мултифункционалниот објект во Зоолошката градина е финансирана од сопствени средства, за што се издвоени 5.747.847 денари.

 

МЕТА

Слични содржини