Лејди Гага соопшти дека нејзината нова песна им ја посветува на жртвите на сексуалното насилство.

Песната е снимена во соработка со Дајана Ворен за потребите на документарниот филм „The Hunting Ground“, кој зборува за жртвите на сексуално малтретирање во студентските домови во САД.
Дел од приходите собрани од песнат, Гага ќе ги даде на организациите кои помагаат на они кои преживеале сексуално малтретирање.
– Песната „The It Happens To You“ е посветена на сите во целиот од светот кои страдат. Се надевам дека ќе почуствувате љубов и солидарност и дека и оние кои страдаат ќе го најдат мирот. Важно е да знаете дека не сте сами, порача пејачката преку Твитер.