
Милер, кој е ветеран во компанијата, треба да се избори со кризата, во која таа падна, откако стана јасно дека милиони нејзини автомобили биле опремени со систем кој ги манипулира резултатите од тестовите за загадувачките емисии.
Акциите на “Фолксваген” се урнаа, а се очекува да бидат наметнати и солени казни низ целиот свет. Мартин Винтеркорн презеде одговорноста за изгубената доверба и поднесе оставка претходно оваа недела.
Колку опасен може да се покаже “Фолксваген” за германската економија –Повеќе од грчката криза, сметаат аналитичарите”
Под мое раководство” Фолксваген “ќе стори сé за да се развие и имплементира најстрогите стандарди во целата индустрија во однос на управувањето и почитување на одредбите”, изјави неговиот наследник Матијас Милер во официјално обраќање.
Американска фирма е изнајмена од компанијата за целосна истрага, а се очекуваат кратења и децентрализација во повисокото раководство.
Аналитичарите коментираат дека неговиот избор е чекор кон чистење на автомобилскиот гигант од маѓепсан практики, но во исто време не е долгорочно решение поради напредната неговата возраст (62 години).