Подвижни острови: нова мода меѓу богаташите

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Луксузните јахти наскоро ќе излезат од мода во животот на милијардерите, бидејќи компанијата “Мигел Прајвет Субмаринс” најави дека ќе почне да прави подвижни острови.4419512

Додека за некои идејата изгледа малку луда за компанијата идејата може да се реализира и тоа наскоро. Според инженерите е само прашање на време кога некој милијардер ќе си нарача приватен подвижен остров. Станува збор за структура, делумно потопена во вода, која може да се пофали со луксуз, спореден со најскапите хотели во светот.

Секој мобилен остров ќе се гради според желбите на сопствениците, а компанијата е подготвена за “неограничено производство”. Цените на подвижните острови ќе се движат според желбите на богаташите.