Премиерот Никола Груевски и владина делегација, од вчера престојуваат во посета на Соединетите Американски Држави.
Во рамките на посетата премиерот Груевски и владината делегација ќе учествуваат и ќе се обратат на бизнис форуми за претставувањето на погодностите кои ги нуди нашата земја за реализација на странски инвестиции и за отворање на нови работни места. Предвидени се и средби со дијаспората во повеќе градови. Претседателот на Владата ќе има агенда на настани и обраќања и во рамките на сесијата на Годишното собрание на Обединетите Нации.
Во текот на вчерашниот ден, премиерот Груевски и владината делегација присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Колумбус, главниот град на сојузната држава Охајо. Бизнис форумот се одржа во соработка со економската групација „Колумбус 2020“ и на него присуствуваа поголем број на бизнисмени од разни сектори.
