Вечерва помрачување на Месечината и „супермесечина“

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Целосното помрачување на Месечината заедно со „супермесечина“ се очекува вечерva  или рано изутрина в понеделник, во зависност од тоа каде се наоѓате на планетата.

suer

„Тоа е комбинација, која не е видена од 1982 година и нема да се повтори до 2033 година“, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

„Супермесечина“ се случува кога полната Месечина или младата Месечина се наоѓаат најблиску до Земјата. Иако тоа и натаму е оддалеченост од околу 350 илјади километри, Месечината ќе изгледа поголема и посјајна од вообичаено.

Целосно помрачување на Месечината ќе трае повеќе од еден час и ќе биде видливо, доколку дозволат временските прилики, од Северна и Јужна Америка, Европа, Африка и западна Азија.

Во Европа Месечината, Земјата и Сонцето ќе се наредат еден зад друг некаде пред зората в понеделник од 4.11 до 5.32 часот по централноевропско време.

Месечината не произведува сопствена светлина, туку ја добива од Сонцето. Рано наутро в понеделеник Месечината ќе биде во совршена рамна линија со Сонцето и Земјата