Техничкиот напредок ги расипува фигурите на жените

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Благодарение на машината за садови, микробрановите печки и друга бела техника, за жените стана полесно да ја завршуваат домашната работа. Но, тоа се одразува негативно врз фигурата на прекрасниот пол, сметаат експерти од Лондонскиот и Манчестерскиот универзитет, на кои се повикува “Дејли мејл”.4426177Нивното истражување покажало дека денес просечната жена посветува  на работа 20% помалку време во споредба со времето од 80-тите години. Колку и шовинистички да се резултатите, факт е дека реалноста во која живееме сè уште го припишува домаќинството главно како обврска на жената.

Но денес, сепак, тешката работа по дома е заменета со седење и канцелариски труд. Во исто време миењето на подот согорува 200 калории за еден час (што се содржани во едно чоколадо), додека едночасовна работа на компјутер согорува само 70 калории.

Освен тоа, научниците утврдиле дека луѓето трошат повеќе пари за храна, јадат повеќе и почесто. При тоа, тие трошат 20% калории помалку од пред 30 години. Генерално луѓето може и да се хранат правилно, но поминуваат повеќе време пред телевизорот и вежбаат малку. Според истражувачите токму поради седентарниот начин на живот, епидемијата на дебелеење здобива замав .