Изјавите на премиерот Никола Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ предлага, прво 17 пратеници бонус за победничката партија, па потоа и место тројца, 20 пратеници од дијаспората, не останаа актуелни долг период. Тие јавно не наидоа ниту на голема поддршка од други партии и структури кои се блиски до најголемата владејачка партија и кои досега вообичано и даваа поддршка на предлозите-пишува РСЕ.
Според пратеничката Лилјана Поповска која е и прв човек на ДОМ, партија која до неодамна беше дел од владината коалиција, ваквите ставови се изолирано мислење и трик во преговорите.
„Јас мислам дека тоа е само преговарачки трик, дека ниту колегите од ВМРО-ДПМНЕ не мислат сериозно со тие предлози зошто знаат дека се не реални и ги предлагаат само за да може да добијат на време и да на преговарачка позиција“, вели Поповска, според која ваквите предлози имале штетни последици оти како што додава се губело време во кое можело да се има аргументирана расправа а не надмудрувања.
