Трагедија: Звезда на MTV загина по скок со падобран

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Трик Ерик Ронер загинал при скок со падобран. Инцидентот се случил во близина на езерото Тахо, Калифорнија вчера, објави nbcnews.com.

20150929.wqwnemzugk

39-годишниот Ронер правел шоу за време на голф турнир, кога удрил во дрво, се наведува во соопштението на локалниот шериф Едвард Бонер, и загинал на самото место. Останатите учесници во шоуто слетале успешно на земјата. Ерик Ронер е исклучително популарен меѓу навивачите на екстремни спортови.Учествувал во преносот на MTV “Nitro Circus”, каде демонстрира различни трикови на земјата и во воздух.

“Ние, во MTV и MTV2 сме тажни за веста  за смртта на Ерик. Нашите срца се со пријателите и семејството на Ерик”, изјавија од музичкиот телевизиски канал.