Сите ние користиме зачини и додатоци за да ја збогатиме храната што ја конзумираме. Обично, најкористените и распространети додатоци се оцет, маслиново масло, сол и бибер.
Фудпанда, пак, избра некои од најчудните зачини во светот.
1. Банана кечап, Филипини
Овој чудно именуван кечап, направен од банани, шеќер, оцет и зачини датира од Втората светска војна, кога имало недостиг на домати. И до денес Филипинците, го користат овој кечап, за да зачинат омлет или плескавица.![]()
2. Мармајт, Холандија
Тоа е кафеава паста, приготвена од отпадните производи од пиварската индустрија. Се ддава екстракт од квасец и малку лимон. Најчесто се премачкува врз тост.
3. Жеотгал, Кореја
Жеотгал се прави од ферментирана риба, кавијар или рибни црева. Тој често се користи како сос или зачин, и е особено популарен за зачинување на супи. 4
4. Рибин сос, Тајланд
Рибиниот сос звучи премногу вкусно, но кога ќе видите што содржи, ќе се премислите. Овој сос се прави од ферментирано аншоа, сол и вода. Оваа кафеава течност е клучна компонента во тајландската кујна и се користи наместо кари.
5. Сос Ворчестер, Велика Британија
Сосот е направен од Викторијанските хемичари Леа и Перинс и се прави со мешавина од оцет, меласа, шеќер, сол, аншоа, екстракт од тамаринд, кромид, лук. Првично беше прогласен за неупотреблив, но денес е незаменлив дел од британското кулинарство.
6. Ферментирана урда, Јапонија
Коцките ферментирана урда се силни на вкус и се жртви на речиси секое јадења со ориз. Оваа урда ферментира за минимум шест месеци.
7. Силно зачинета маринада, Индија
Еден од индиските чудни деликатеси е силно зачинетата маринада со светла жолта смеса од кисел зеленчук и зачини. Никој не знае точно од каде доаѓа, иако се смета дека може да била инспирирана од киселите краставички консумирани од Британците во колонијална Индија.