Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) порача дека во целост го подржува претставникот на ОБСЕ што предлага ревизија на Рамковниот договор, но само на застапеноста на Ромите и другите помали заедници.

„Сите други ја исполнија квотата на застапеност. Албанците, по наше мислење, го имаат реализирано поголемиот дел од Рамковниот. Нај заостанати во однос на Рамковниот договор се Ромите. Тоа го потврдува и Извештајот на комисијата на Европската унија, дека Ромите се најнезастапени и затоа сметаме дека добро е да се направи Ревизија на Рамковниот, оти така ќе се знае што е исполнето, а што не е, кој е во право, кој не е, впрочем и треба да се направи една анализа на Рамковниот да се види што беше договорено а што е исполнето. Тоа требаше да се направи и досега, но не знаеме зошто тоа не се случило. Сепак, никогаш не е доцна, еве прилика да се разјаснат работите“, стои во соопштението од ПЦЕР.