Попоски се сретна со Лавров во Њујорк

од desk3
92 прегледи

 

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, имаше средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, соопшти денеска македонското МНР.

poposki

Билатералните односи меѓу двете земји, продлабочување на руско-македонската економска и трговсака соработка и имплементација на заеднички проекти во енергетскиот систем, биле темите на кои разговарале на средбата Лавров и Попоски.

Министрите за надворешни работи на Русија и на Македонија, како што соопшти руското МНР, размениле мислења и за ситуацијата на Балканот и други актуелни теми од меѓународните односи. На средбата, Поповски го поканил Лавров да ја посети Република Македонија.

– Имаме теми за разговор. Мора да го разгледам мојот план-агенда, која е многу набиена и често се менува, рекол Лавров, а Попоски потврдувајќи нагласил дека ќе биде среќен ако го набргу го види во Скопје, пренесува руската агенција ТАСС./МИА