Во средата Советот на федерацијата даде согласност за користење на воздухопловните сили на Русија на територијата на Сирија. Соодветното барање беше поднесено во горниот комора на парламентот од претседателот Владимир Путин. Според зборовите на шефот на администрацијата на рускиот претседател Сергеј Иванов сирискиот лидер Башар Асад сам се обратил кон Путин со барање за воена помош.
Претходно руското раководство истакнуваше дека мешањето на Русија во сирискиот конфликт е насочено исклучиво кон борба против радикалната исламска држава (ИД). Меѓународната коалиција на чело со САД веќе година нанесува удари по позиции на екстремистите од иИД во Сирија, само што овие бомбардирања не доведоа до значителни резултати. Ги имаат ли ВВС на Русија можности кои авијацијата на САД нема?
Само ИД ли ќе биде цел на руската авијација? Што ќе се случи со неодамна изградената руска воена база во Латакија во северозападните региони на Сирија по завршувањето на мисијата? И што воопшто очекува Сирија при новото уредување на силите? Со овие прашања руската служба на БиБиСи се обратила кон западни експерти.
Игор Сутјагин,од Кралскиот обединет институт за одбранбени студии: Генерално нема технички предности на руската авијација над САД, исто како и над англиската, француската, јорданската и саудиската. Авионите се речиси исти, средствата за уништување се малку попрецизни, средствата за разузнавање се малку поефикасни. Значително помало е искуството при летови над планинско-пустински региони, ако го споредуваме со оној на Саудијците или Јорданците. Значи во принцип има споредливи боречки квалитети. На Американците, Русија не им е потребна со својата авијација.
Од неа се очекува да изврши притисок врз Асад да го прекине користењето на касетни-бомби против цивилното население. Еве што се очекуваат од Русија – политичко влијание, а не бомби. Во тоа е вредноста на Русија. Таа може да разговара со Асад, и можно е тој да ја слуша неа. Поради тоа ја поканија Русија да влезе во коалицијата. Но, ако таа, освен тоа е подготвена да предислоцира и 32 авиони, зошто пак да не?
Што се однесува до прашањето кого ќе бомбардираат руските воздухопловни сили, освен ИД, таму има и уште неколку групи, кои во очите на светот се терористички, затоа е оправдано да бидат бомбардирани. Но Русија не располага со доволно ефикасни средства за разузнавање на ситуацијата во овој регион. Ако Американците имаат сојузници, макар и во лицето на умерената опозиција, кои можат да ги осветлат со ласери целите, особено пак ако во нивните редови има и борци од западни посебни единици, тогаш Русија речиси не располага со такви луѓе. Поради тоа неизбежно ќе треба многу да се потпира на разузнавањето обезбедено од сириска страна. Многу е комплицирано да се замисли дека Сиријците можат да избегнат желба да насочуваат кон цели кои зим пречат токму нив. Покрај тоа, имајќи предвид дека Русија си постави задача за спасување на Асад (макар и како споредна задача, главната, според мене, е зголемување на престижот на Путин), ако има некаков напредок во негова корист,ќе биде издадена директна наредба за бомбардирања против сириската опозиција. На прашањето за тоа што ќе се случи со руската воена база по исполнување на мисијата, Кремљ сака да се вгнезди за долго во Сирија. Ова е уникатна можност која никогаш не била понудена во регионот на Советскиот Сојуз и Русија.
Едно е да испратиш ескадрила во Медитеранот – три корвети, две фрегати и еден крстосувач, и сосема друго – сето тоа плус ескадрила морски бомбардери. Да се додаде кон морската база и воено-воздушна единица е атрактивно, тоа ги проширува можностите за акција во регионот. Поради што се сомневам дека желбата за останување е практично неодолива.
Џонатан Ејл, директор на меѓународните програми на RUSI: Сега има размислувања дека борбата против радикалите од ИД е во интерес на целото човештво и сите треба да направат свој придонес. Всушност воената интервенција на Русија во сириската војна само ја усложнува ситуацијата. Прво, примерот на меѓународната коалиција веќе покажа дека само со авијација, постоечкиот проблем не може да биде решен. Второ, не е сосема јасно што има предвид рускиот претседател, кога зборуваме за цели. По кого конкретно се подготвува да нанесува удари?
Против сите противници на режимот на Асад? Очигледно е дека при таква ситуација сириската опозиција се покажува во опасност. При тоа пред неколку дена во Њујорк Путин призна дека некои делови од опозицијата исто така треба да бидат поканети за дијалог. Значи ли тоа дека Русите во некаков степен го признаваат легитимитетот на опозицијата? Не е јасно. Јасно е едно – лепењето на етикетата “терорист” на секој кој се залага за соборување на Асад, не само што не се ни приближува кон решавање на конфликтот, но не е поволно и за Русија, од гледна точка на нејзините долгорочни планови во Блискиот Исток. Нема никакво сомнение – и тоа се манифестира од редоследот на активностите на Кремљ – што Русија има намера да се зајакне во Сирија за долго. Мислам дека пред неколку години Москва си постави за цел да се здобие со воена база во источниот дел на Средоземното Море, и сирискиот конфликт не можеше да не придонесе за остварувањето на овој план. Под условите на целосна војна поседувањето на сопствена база во конфликтните области може да биде претставено како неопходност за зајакнување на меѓународната безбедност.
Такво нешто сосема може да биде прифатено од Запад – прашањето е само во тоа што Сирија замисли во иднина со Русија и дали се совпаѓа ова со претставата на другите земји од Блискиот Исток. Проблемот е во тоа што Москва научила одлично да ги критикува западните земји за нивната неможност да го решат сириското прашање, но и таа самата не располага со корисни рецепти. При тоа како воен капацитет Русија е целосно способна да одлучи за неодложните задачи. Опасноста е во тоа што военото учество во еден или друг конфликт често расте до такви размери што властите губат контрола над случувањата. Според мене Русија нема да биде вовлечен во долготрајна воена кампања во Сирија, особено откако има војници во источна Украина. И, судејќи според сè, Кремљ и сам го разбира тоа. Сирија не е Авганистан, тоа е сосема друга приказна. Лекциите од Авганистан се уште се живи во умовите на Русите.
Александар Кокшаров, водечки аналитичар во истражувачкиот институт IHS: Русија веќе прави промени во ситуацијата во Сирија, иако поминаа само неколку два дена откако Советот на федерацијата одобри користењето на руски вооружени сили надвор од Русија. Во реонот на градот Хомс руските воздухопловни сили нанесоа удар, тоа веќе се случува, и руското присуство во Сирија е легализирано. Дали ќе е доволно само користење на авијација? Тука има два моменти. Прво, меѓународната коалиција, чии активности беа прогласени за не многу успешни, нанесуваше напади само по позиции на радикалните исламисти. Таа не се занимаваше со воздушно одржување на позициите на сириската армија. А руската армија може да ја поддржува официјалната сириска армија на Асад, што ќеовозможи да се стабилизира фронтот, особено околу клучниот за сириската влада -територијата на градовите Латакија, Хомс и Дамаск. Второ, за жал, настаните во Украина 2014-2015 година покажаа дека не може да се верува на сите изјави на руската влада.
Претседателот Путин изјавил дека руски војнициво Крим нема, а потоа се разјасни дека “зелените мажи” се војници. Потоа тој го негираше постоењето на руски војници во источна Украина, само што нивното присуство беше откриено макар и Русија да тврдеше дека станува збор за волонтери. Односно зборовите на Путин дека копнени руски војници во Сирија нема да има, може и да не одговараат на неговите намери. Нешто повеќе, денес претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров со жалење ја коментираше веста дека Владимир Путин не планира испраќање на копнени сили во Сирија и изјави дека сам е подготвен да испрати чеченските доброволци да војуваат во Сирија. Очигледно е дека целите на руската авијација нема да се ограничат само со ИД, но ќе ја вклучат во себе и сириската опозиција, која војува против официјалната сириска власт. Очигледно ударот по Хомс го потврдува тоа. Ситуацијата е таква што и Русија, и САД имаат интерес од слабеењето на ИД и, идеално, нејзиното уништување. Но, тие се разминуваат кардинално по прашањето за управувањето на Башар Асад. Ако сега на Русија и успее да ги зајакне воените позиции и да помогне на сириската армија да го стабилизира фронтот, ако активностите на Русија против ИД бидат успешни, така последователно Асад може да влезе во улогата на актер на какви и да било потенцијални преговори. И САД и Русија разбираат дека нема да биде можно враќање на претходната положба кога Асад ги контролираше сите во Сирија, но во случај на успешно уништување на ИД, власта во земјата, на некој начин може да биде поделена.

