Влакната во носот -поголем страстоубиец од лошиот здив

од Vladimir Zorba
453 прегледи

Лошиот здив е една од работите кои најмногу ги одвраќаат дамите. Изгледа сепак тоа не е на врвот на нивната листа од страстоубијци!666eb51686515512fa936df39599f48f

Анкета на сајтот Women’s Health, во која учество земале околу 400 жени, покажува дека влакната во носот се нешто доста полошо и непријатно.

Околу 46% од учесничките признаваат дека најмногу се стаписани кога ќе видат влакна во носот на мажот спроти нив.

Фала богу претставниците на посилниот пол се свесни за тоа и според истражувањето на машкиот сајт Men’s health едвај 2% од нив не ги отстрануваат влакната во оваа област.

Читателите на медиумот признаваат дека најчесто се средуваат со помош на тример за влакната во носот. Значително помал процент ја вршат таа постапка со пинцети.

Совет на експертите е при употребата на пинцети апаратот внимателно да се дезинфенкцира, а влакното да се зафаќа во основата. Тие експлицитно нагласуваат дека извлекувањето на влакната со прсти не е правилно и хигиенски!