Еврозоната го враќа оптимизмот за поефикасна економија

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги е уверен дека Европа продолжува да се опоравува и дека еврозоната е поефикасна како обединета економија покрај редицата тешкотии со кои се соочува монетарната унија, пренесува Фактор.мк.

EU_2197069b

Уште еднаш Драги го повторил своето тврдење дека Европската унија ќе постигне подобри нивоа на раст благодарение на монетарната политика.

„Постигнатиот напредок во последните три години за стабилизација и јакнење на еврозоната е вистински. Растот се враќа“, изјавил Драги по усвојувањето на награда од „Atlantic Council’s Global Citizens“ во четвртокот во Њујорк.

„Патот напред е јасен. Нема да запреме додека нашата монетарна унија не е сеопфатна. Тоа е во наш интерес“, изјавил Драги, цитиран од „WBPonline“. Тој додал дека останува во групата на луѓе кои ја поддржуваат поблиската интеграција во еврозоната, за да можат да се извлечат сите позитивни работи од монетарната унија.

„Враќањето на економијата во еврозоната кон одржлив раст, под импулсот на нашата монетарна политика, е добра вест за сите насекаде“, изјавил претседателот на ЕЦБ.