Какво е чувството да чекориш по стакло на неколку стотици метри над земјата? Сигурно страшно! Во тоа веќе се убедија луѓето кои се осмелија да одат по најдолгиот стаклен мост во светот.
Тој се наоѓа во Кина или поточно во Националниот геолошки парк Shiniuzhai, лоциран во централната провинција Хунан.
Пред извесно време само дел од мостот бил “стаклен”, но од неодамна дрвото било целосно заменето, претворајќи го високиот објект во најдолгиот стаклен мост во светот. Всушност должината му е 300 метри, а висината – 180 метри, што ја претвора атракцијата во место, несоодветно за луѓе со слабо срце.
Стаклениот мост е изграден над кањон, но и покрај својот изглед, тој е дизајниран така што ќе издржи силни ветрови, земјотреси, смрзнување и тежината на 800 посетители истовремено.
Најдолгиот стаклен мост во светот не е единствената ваква атракција во Кина. Земјата е позната по стаклените знаменитости, направени за туристите кои бараат возбуда. Неодамна стаклен лифт беше отворен на живописното место во провинцијата Хубеи – во непосредна близина на карпа.
Се прават и планови за изградба на дури и подолг стаклен мост, кој ќе биде лоциран во Zhangjiajie, Хунан. Се вели дека тој ќе биде долг 380 метри и висок 300 метри.
А сега влезете во галеријата и проверете го стаклениот мост во Кина, кој засега го освои првенството.
Фото: amusingplanet.com