Арапската кујна е една од најпознатите во светот. Со тешкото средоземноморско влијание, маслинките, сушеното овошје, ореви, сирење и други млечни производи, се само дел од бројните додатоци во арапскиот свет. Арапската култура го забранува свинското месо и употребата на алкохол.
Фудпанда, избра уште интересни факти за една од најпознатите вкусни и богати ароматични кујни.
Само видовите храна кои се сертифицирани од исламскиот закон – се дозволени за консумирање.
Сите Арапи јадат храна од највисок стандард за чистота и вкус.
На почит е редовното пиење чај, без разлика во кое време на денот.
Нивните кулинарски обичаи се наследени од бедуините- пустинските луѓе од внатрешноста на земјата. Пример потрошувачката на телешко, ориз, леб, грав, јогурт.
Арапската трпеза е полна со бројни јадења од појадокот, та до вечерата. На масата присутни различни видови јатки, месни деликатеси, зеленчук и многу слатки десерти, кои се типични.
Хумус е најпопуларниот гарнир. Добиен од наут, тој може да има арома на пушен модар патлиџан или таан.
Појадок.
Најпопуларниотпојадок е добро познат и кај нас, донер. Пита, полнета со најпопуларните за мусюлманскиот свет видови месо- пилешко или јагнешко.
Леб.
Во арапската кујна на почит се и лебовите. Особено, т.н. рамни лебови, кои се служат со јогурт, оригано, сирење, или како подлога на месни јадења.
Салата.
Арапите веруваат многу во здравствените својства на зелените салати. Најпопуларната е “Табуле”, ситно мелени домати и многу магдонос.
Десерти.
Оваа кујна е полна со добро зготвени шербетни десерти- баклава, тулумби, кадаиф. “Кабса” се смета за традиционално јадење на Арапите. Тоа е приготвено од Басмати ориз и мешавина од зачини, вклучувајќи кромид, кардамон, цимет и лук. Сувото грозје и бадемите се додадени како гарнир. Ќебапи на скара, фалафели, печено цело пиле, се некои од другите главни арапски јадења, кои обично одат добро со ориз и доматно пире.