Постигнатиот напредок за време на средбата на “нормандската четворка” во Париз ќе помогне за избегнувањето на нови жртви во Донбас, изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд, по крајот на разговорите. “Денес успеавме да постигнеме нов напредок, кој ќе помогне за избегнувањето на нови жртви во Донбас”, изјави Оланд, истакнувајќи дека во спроведувањето на Минските договори е постигнат значителен успех од гледна точка на безбедноста. “Од гледна точка на безбедноста, во Минските договори е постигнат значителен успех. Општо земено овие договори се почитуваат и постепено можеме да постигнеме повлекување на оружјето “, додаде францускиот претседател.
Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека ниту една точка од договорот “Минск-2” не е целосно исполнет. “Во ниту една позиција од договорот нема целосна имплементација од земјите. Ситуацијата во Дебалцево го поткопува процесот, засега нема повлекување на тешкото вооружување. Но, успеавме да најдеме пат кон напредок во напредокот. Има напредок, земјите одеа една кон друга “, изјави Меркел, по завршувањето на средбата во нормандски формат во Париз.
Меркел истакна дека изборите во Донбас треба да бидат спроведени во согласност со украинското законодавство, а според нејзините зборови посебниот статус на Донбас треба да биде прицврстен во уставот на Украина.
Оланд изјави дека за време на разговорите во “нормандски формат” страните постигнаа договор за одложување на локалните избори во самопрогласена ДНР и ЛНР, како и тие да бидат спроведени согласно украинското законодавство.
“Ние се согласивме дека локалните избори треба да се одржат во согласност со украинското законодавство и треба да бидат организирани во кохерентност со работната група, така што нивните резултати да бидат признаени и да не се поднесе жалба. Изборите не треба да се одржуваат на 18 октомври, поради тоа тие ќе бидат пренесени на друг датум. За ова ќе биде донесен посебен закон “, изјави Оланд.

