94,5 милиони. Американци не работат

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Бројот на Американците, кои се надвор од работната сила на земјата, го  достигна рекордното ниво од 94 610 000 луѓе. Станува збор за Американци со  над 16 година , соопшти Бирото за труд и статистика.

сад

Тоа значи дека тие или не се водат на работа, или не прават напори да  најдат работа во последните 4 недели. Бројот на луѓето кои се надвор од работната сила на САД минатиот месец бележи зголемување за 579 000 луѓе во споредба со бројката од август. Според специјалисти меѓу причините за повлекувањето од работниот фронт се обесхрабрувачкиот амбиент , пензионирање и други. Општо земено минатиот месец биле вработени вкупно 148,8 милиони. американци .7,915 милиони  биле невработени, а 5,955 милиони  луѓе бараат работа, соопшти агенцијата Блумберг. Министерството за труд соопшти дека економијата во септември додала дополнителни 142000 работни места, неповрзани со земјоделски активност, Стапката на невработеност  и натаму се задржува на 5,1%..