Кина прави чекори кон глобален навигациски систем

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Кинескиот ракетен носач “Чанжон 3Б” беше лансиран од космодромот “Сичан” во југозападната провинција Сечуан.4430522

Во вселената веќе е 20-иот сателит од кинескиот навигациски систем “Бејдоу”. Според информации на Централната кинеска телевизија, цитирана од агенциите, новата генерација сателити се со водородни атомски часовници потребни за точната работа на навигациските системи.

По пуштањето е предвиден тест на часовниците во вистински вселенски услови и нов систем за емитување на навигацискиот сигнал, со кој е опремен сателитот. Бејдоу е регионален сателитски систем за навигација кој Кина почна да го поседува од 2000 година. Вкупниот број на сателити веќе е 20.

Тој го обезбедува одредувањето со помош на сателитскиот сигнал на координатите на навигациската опрема на територијата на Кина, соседните земји и некои други области од азиско-пацифичкиот регион. Од 2012 година системот е достапен за комерцијална употреба. Кина сака да се прошири сателитската група “Бејдоу” до 30 сателити и да направат глобален систем за позиционирање.