Кога телефонот случајно паѓа во вода, ние нормално трчаме да најдеме ориз.
Обично тоа е правилото ако вашиот телефон не се вклучува откако ќе биде забиен во вода, се става во ориз. Логиката е дека оризот ќе ја апсорбира вода, и вашиот телефон ќе работи повторно.
Но со ориз може да потрае и до три дена за да се исуши целосно вашиот телефон, па дури и тогаш тоа не е гаранција дека тој повторно ќе работи .
Компанија наречена TekDry поставува локации за електронско сушење низ САД, каде што клиентите со влажни гаџети, доаѓаат да ги исушат за 70 $ во специјални машини кои буквално ја повлекуваат водата од нив во вакуум комора. Но, ако вашиот телефон не работи, бидејќи штета од водата отишла предалеку, нема да се наплаќа ништо.
Тоа е многу подобар договор од купување на нов телефон.
Досега, DryTek локации има само во Колорадо, Мичиген, и Њу Хемпшир, но тие ќе додадат уште осум локации во Њујорк (по две во Бруклин, две во Менхетен, а две во Бронкс) во средината на октомври.
Сосема задоволувачки е да се види како вода исекува од SIM слотот и низ пукнатини околу овој стар iPhone:
Машините на TekDry може да исушат телефони за 30 минути со стапка на успех од 80 проценти, ако го донесете до 48 часа откако се натопил во вода вашиот телефон.
Неодамна, беше откриено дека на Apple најновите iPhone се многу поотпорни на вода од претходните генерации. Излегува дека Apple додал дихтунзи околу рабовите и запечатил околу важни компоненти во најновите iPhone 6s и 6s плус за водата да биде надвор.
Новите iPhone-ни преживеале тест каде биле ставен во плиток сад со вода за еден час, и само 6s-от страдал од дијагонална линија во неговиот екран. Значи, не би требале да се грижите доколку Ви падне на новиот iPhone во, да речеме, тоалетот.
Сепак, други го ставиле iPhone 6s под четири стапки на вода за неколку минути, со што избувнал iPhone-от од оштетување од вода. Па ако скокате во базен со вашиот iPhone, сè уште имате шанси да го спасите, ако го донесе во место како што е DryTek. (Сепак не го правете тоа, тука уште нема такво место, тоа не е паметна идеја)
Други телефони кои се фалат на водоотпорност, како на пример на Sony ѕвездата линија на Xperia телефони. Но другите одат исто со таа функција. Самсунг, на пример, неодамна ја направи таа промена со водоотпорност во својата линија на Galaxy смартфони.
DryTek исто така, суши и други уреди, како таблети, лаптопи до 13-инчи, камери, во основа сè што е пренослив уред на батери.


